Предизборната кампања влегува во последната недела. За осум дена македонските граѓани ќе треба да изберат меѓу дела и празни ветувања.
СДСМ кажа се и сешто, ветуваше брда и долини во овие две недели, се премислуваше, се демантираше, но она во што остана верен е дозата арогантност со која го понижува овој народ. Очигледно е дека елитистите од СДСМ не можат да излезат од кожата во која удобно живеат. Иако ветуваат подобра живот во Македонија, тие одамна живеат на друга планета.
Неодамна беше објавен пропаганден спот наменет за младите. Само фотелјата во спотот, модерно парче мебел, чини околу 55.000 денари.
Средната класа, на која, како што вели ѝ припаѓа и Зоран Заев, иако потекнува од богато семејство, не ужива во фотелји од 1000 евра, ниту пак си ја разбива здодевноста со златни ајфони од 2500 евра како Петре Шилегов.
Средната класа во Македонија не се облекува во капути од астраган, ниту пак носи Луј Витон, како Радмила Шеќеринска. Секако, од држење на главата во облаците елитата од СДСМ тоа не може да го види.
Средната класа во Македонија, на која ѝ се обраќа СДСМ нема базен во дневната соба, скапи коли и по неколку стана на убави локации во Скопје.
Скапите фотелји, златните ајфони, чевлите од крокодилска кожа, поршеата, дуплекс-становите се нож во срцата на Македонците од вистинската средна класа, уште едно понижување и уште еден доказ дека раководството на СДСМ не само што не живее на оваа планета, нема чувство за потребите на овој народ и единствено за што се грижи е својата благосостојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев на Самитот на земјите членки на Европската иницијатива
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Заев: Горам од желба да ги соопштам деталите за бегството на Груевски
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму