ДУИ и ДПА се партии кои не се борат на целата територија на Македонија, туку бараат гласови само од еден дел од населението. Тие се професионално албански партии и никогаш нема да бидат задоволни. Бизарна е трансформацијата на СДСМ во професионално албанска партија, која што не се натпреварува на целата територија, туку станува пандан на ДУИ и ДПА, вели новинарот Цветин Чилиманов во емисијата Радио Полиграф на РСМ.
Тој вели дека амбициите на албанските партии ќе растат откако СДСМ ги отвори етничките теми.
Ќе биде многу тешко да се вратат апетити на албанските партии, освен ако ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива победа на претстојните избори, истакна Чилиманов.
Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ останува единствен гарант на актуелното Уставно уредување и на стабилноста на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)