| четврток, 6 декември 2018 |

Кантонизацијата на Заев значи тргање по стапките на босанската федерација

Зборовите на Заев во кои што тој во замена за албански гласови пред албанската дијаспора се обврза на продавање на територијата за кантонизација ја подигна јавноста на нозе. Уште повеќе, тоа се потврдува и со неговиот план вметнат во таканаречената програма со што се залага за трансферирање на дел од надлежностите на полицијата околу одржувањето на јавниот ред и мир и сообраќајот од централната на локалната власт. Односно, формирање на локални полиции во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Липково, Арачиново, односно во општините со доминантно албанско население во државата.

sdsm-programa-1-640x467

-На општините ќе им бидат пренесени сите надлежности што може да ги извршуваат поуспешно од централната власт, и тоа: дел од управните функции на МВР, дел од надлежностите на полицијата, итна медицинска помош, социјална заштита, центри за вработување, децентрализирање на установите од областа на културата, управување со земјоделското земјиште, шумите и пасиштата и др, се вели во програмата на СДСМ под точката Јакнење на локалната самоуправа.

Ваквото тргување и продавање на теоријата за кантонизација не значи ништо друго туку отворање пат земјата да тргне по стапките на босанската федерализација и патека кон нефункционална држава. Сето тоа не води кон ништо поинаку од очекувања за појава на локален лидер по терк на Милорад Додик во босанската федерација.

За потсетување, Додик бара осамостојување и отцепување на Република Српска од БиХ. Уште од 2013 година Додик беше обвинуван дека сè поотворено и поконкретно заговара поделба на државата и претворање на ентитетот РС во самостојна и независна држава, дека го држи в џеб законот за референдум и дека тоа во други држави се нарекува сепаратизам. Додик пак, отворено бара БиХ да прерасне во некој вид конфедерација или заедница на држави.

Сето ова е добро познато за македонската јавност која отворено стравува од пресликување на овие состојби во Република Македонија доколку Зоран Заев ги оствари своите ветувања во замена за албански гласови. Босанскиот пример е само почеток кон она што може да се случи во западниот дел на Република Македонија имајќи ги предвид тенденциите и залагањата за обединување на сите Албанци.

screenshot-21

Ваквите тенденции од друга страна ги поттикнува и апетитите и на соседните држави, особено откако Заев порача дека „вината е во Македонија“ за нивните негирања на македонската национална и културна посебност. Реализација на планот за кантонизација, неминовно води до сигурен распад на државата.

 

Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој се залага за зачувување на унитарноста и суверенитетот на Македонија, во дел од своите говори го посочи токму примерот со Босна и Херцеговина, која е поделена на кантони.

-На Балканот ова сценарио беше насадено во Босна, тешко функционира, еве го кантонизирањето на Балканот како функционира и секој ден сака некој од тие кантони да излезе од босанската кантонизација. Секој ден слушаме како дел од кантоните бараат отцепување…еден ден можеби ќе успее, не ни треба таа работа, си имаме соживот, меѓу сите зошто некој сака да го промени и да ни го уништи тоа, да се закрвиме…можеби некој на надвор тоа ќе му биде корисно но не и на граѓаните во Македонија- рече Груевски.

zaev-bosna-640x375

Мишко Ливрински- Кубрајт, во својата колумна нагласува дека кантонизацијата ќе значи ставање на крај на постоењето на македонската нација.

– Да направиме корелација, во БиХ има Срби, Хрвати и Бошњаци, а никаде ги нема Босанците и Херцеговците, го нема стопанот на државата. Во последниот попис на БиХ од 2013 година, ако некој сакал да се изјасни како Босанец и Херцеговец се ставал на пописот во графата за други националности, графи за попишување на Босанци и Херцеговци не биле предвидени. Значи во сопствената држава БиХ не смее народот да се изјасни како Босанци, пишува Ливрински- Кубрајт во една своја неодамнешна колумна за ДНЕВНИК.

Пред некој месец, додава тој, имаше случај во БиХ каде што на татко и син не им беше дозволено да се изјаснат како Босанци, случајот заврши на Меѓународниот суд на правдата.

Истото не чека и нас, се да има во нашата држава, сите националности да ги има, само Македонци да нема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top