Човекот кој сега го бара гласот од вас за наводен „живот“ во своите три градоначалнички мандати ја претвори Струмица во личен имот кој го распродава само ако има лична корист за него и неговото семејство.
Ова видео, овој случај не е единствен кој шт о го покажува вистинското лице на Заев. Само за потсетување, откако ова видео се појави во јавноста, веднаш потоа и други бизнисмени се охрабрија да зборуваат за тоа како им се барани пари, како отворено се уценувани и како работи кланот Заеви. Токму Поткуп е еден од многуте судски процеси од кои што Заев се обидува да избега преку флоскулите за непризнавање на судот и најавите за некаков реизбор на судии по теркот на СДСМ.
Гласот за Заев на овие избори не е ништо друго туку глас за поддршка на криминалци, силеџии, тепачи, уценувачи, убијци. Гласот за Заев е глас за владеење на страв, уцени, шверц, глас за фалсификатори , владеење на силата, владеење на оружјето, владеење на непотизмот, на криминални тендери и тајни зделки. Гласот за Заев е глас за Верушевци, Чауши, Хаџибуличи, глас за криминалното разузнавачко подземје кое ќе му помогне на Заев во јадењето живи луѓе.
Токму гласот за Заев е глас со кој криминално разузнавачко подземје ќе спроведе кантонизацијата, федерализацијата, и на крај во „виткањето на кичмата“ и обезличувањето на народот, културата, државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)