– По лагите на Заев и СДСМ дека во Македонија има 500.000 фантомски гласачи, бројот на гласачи во избирачкиот список не само што не се намали туку и се зголеми за 5000 гласачи. А за таквите лаги, СДСМ ќе биде казнет од народот на изборите на 11 декември -изјави вечерва на митингот во Свети Николе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на кандидатската листа во ИЕ4 Никола Груевски.
Тој посочи дека стилот на Заев и СДСМ е манипулирање и лажање, а за таквите лаги ќе бидат казнети и овој пат од народот.
Груевски истакна дека Заев со Струмица владее 11 години и доколку граѓаните гласаат за него и СДСМ тоа ќе значи дека избираат владеење исто како во Струмица, а тоа подразбира за 11 години ни една странска инвестиција во Струмица дури и кога Македонија е 10 земја по водење бизнис и со најниски даноци во светот.
Груевски потсети и на ветувањата на Заев дека ќе изгради индустриска зона во Струмица, во која ќе бидат отворени 5000 работни места, кои никогаш не се остварија.
-Една од познатите работи во Струмица се доделувањата на тендерите. Видовме како се доделувале тендерите, на стрини, чичкови или на повисокото раководство на СДСМ. Неговиот начин на сфаќање на политиката е таков. Тоа е нивниот стил, лажење, манипулирање, рече Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Заев секогаш кога ќе го потцени својот народ и ќе му кажува ветувања од ракав, треба да знае дека овој народ е мудар и знае да расуди.
Груевски потеницираше дека во времето на СДСМ во Македонија имаше 560.000 вработувања, додека денес коа ВМРО-ДПМНЕ е на власт таа бројка изнесува 720.000 вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)