Владин тим предводен од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, денеска беа во посета на „ОДВ Електрик“, германската компанија што веќе има своја браунфилд инвестиција во Охрид и првата компанија што гради сопствен производствен капацитет во Технолошко индустриската зона „Охрид – Струга“.
-Активностите за привлекување инвестиции и создавање поволна бизнис клима продолжуваат. Слободните економски зони ги отвораме и за македонските компании, за оние кои имаат висок сгтепен на додадена вредност и се извозно ориентирани и верувам дека покрај „ОДВ Електрик“ во зоната Охрид – Струга ќе дојдат и други компании – изјави вицепремиерот Пешевски.
Виктор Мизо истакна дека „ОДВ Електрик“ од првиот квартал идната година ќе започне со производство и во капацитет на компанијата во индустриската зона кај Струга.
-Она што денеска го добивме како информација е дека нивните планови ќе ги надминат првично планираните илјада на 1200 вработени. Ние како институција ќе продолжиме да помагаме во целиот процес и сите активности се во крајна фаза за завршување на инфраструктурните зафати за новата технолошкоиндустриска зона, со идентични услови како во веќе постоечките во Скопје, Штип, Прилеп и Кичево – рече Мизо.
Mоментално во браунфилд капацитетот на „ОДВ Електрик“ во Охрид функционираат пет производствени линии со вработени над 220 лица, со план компанијата нивниот број да достигне околу 600, а инвестицијата да достигне вредност од 3,6 милиони евра. Во меѓувреме во завршна фаза е и изградбата на дополнителен сопствен производствен капацитет на „ОДВ Електрик“ во ТИРЗ „Охрид – Струга“.
-Втората фаза од нашата инвестиција тука предвидува удвојување на нашите капацитети, со сопствен производствен капацитет во ТИРЗ и вкупен број на вработени 1.200 лица. Планираме развој на нашите капацитети, со зголемување и диверзификација на производството, како и воведување нови технологии, секако и обука на потребни квалификувани работници- истакна Лудвиг Батон, директорот на „ОДВ Електрик“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пешевски: Платформата е реакција на понудите на СДСМ, граѓаните ги интересира економијата
-
Дополнителни 10 милиони евра за малите и средните претпријатија
-
Димитриев и Пешевски на средба со синдикатот и менаџерскиот тим на Југохром
-
Пешевски на средба со струмичани: ВМРО-ДПМНЕ не шпекулира, ние работиме и градиме