Невладината организација МОСТ се вклучи во предизборната кампања на СДСМ. Медиумите многупати пишуваа за сомнежите за неутралноста на невладината организација и наклонетоста кон СДСМ, а истото се потврдува и во предизборниот период.
Дека МОСТ е продолжена рака на СДСМ потврди и Владо Чингоски, поранешен функционер на СДСМ, претседател на Советот на општина Охрид и секретар на општинската изборна комисија во Охрид во многу изборни циклуси – ’90, ’94, ’96, ’98, ’99, 2000, 2002 и 2005, откако не е веќе во изборните комисии..
–Ние имавме пример со МОСТ, велите ќе бидеме објективни – бидете објективни, СДСМ беше на власт и во МОСТ сите набљудувачи беа од СДСМ. Сѐ што беше неправилност на избирачките места наблудувачите од МОСТ тврдеа дека немало никакви проблеми, рече тој и призна дека во тоа време се вршеле притисоци и се фалсификувале избори.
–Знаеме како се гласало. Знаеме како се вршеле притисоци. Знаеме како се фалсификувало. Се сеќаваме и на Магнус, на тепањата, на кршењата кутии, рече Чингоски.
Од МОСТ остануваат глуви и слепи и на заклучокот на Антикорупциската комисија дека министерот за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ Оливер Спасовски извршил повреда на одредбата од членот 8а од Изборниот законик со злоупотреба на својата службена положба и овластување.
Молк од невладината и за лицемерните изјави на лидерот на СДСМ Зоран Заев, според кои министер за внатрешни работи не може да биде носител на кандидатска листа. За Заев беше неприфатливо Гордана Јанкулоска да биде министер и во исто време носител на листа, но затоа во случај кога генералниот секретар на СДСМ е министер за внатрешни работи и носител на листата на СДСМ во втората изборна единица тоа не е никаков проблем.
МОСТ замижува и пред низата против законски активности кои ги спроведува СДСМ.
Имено, Спасовски и неговиот тим вчера го посетија Стајковци, но не со партиски возила, туку со службени возила на Министерството. Човек кој зборува за департизација ги злоупотребува возилата на институцијата со која раководи за партиски цели.
Невладината молчеше и пред злоупотребата на администрацијата во Струмица. Вработените во Општина Струмица добиле наредба да се појават во Градскиот парк во Струмица за потребите на кампањата на СДСМ, односно за снимање на промотивен спот на Зоран Заев.
Се злоупотребуваа и вработените во ПОЦ. Во службена униформа среде работно време, вработените делеа пропаганден материјал на СДСМ.
Злоупотребата е регистрирана и во Куманово, а слепилото во МОСТ продолжува. Вработени во ЈП „Чистота и зеленило“ во униформи на ова претпријатие во работно време со службени превозни средства разнесуваат партиски материјали на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)