Кампањата на СДСМ само во последните 10 дена, „граѓанската активистка“ и кандидат за пратеник на опозицијата Ивана Туфегџиќ ја чинела 101.900 денари. Според официјалниот финансиски извештај таа во два наврати донирала на сметката на СДСМ за изборите 42.900 на 29.11. и два дена подоцна 59.000 денари. Нејасно е од каде ѝ се средствата на Туфегџиќ, која е невработена, за да си го плати пратеничкото место.
Дека „граѓанската активност“ добро се исплатува покажува и случајот со „шарениот“ Павле Богоевски. Тој во два наврати на Заев за своето пратеничко место му платил 99.000 денари, 40.000 на 23.11. и 59000 на 28.11.
Колку е скап функционерскиот живот на своја кожа почувствува и новопечениот политичар, довчерашен новинар, Мухамед Зекири. Тој во кампањата на СДСМ во последните 10 дена донирал 4 пати, сума во вкупен износ од 180.000 денари.
Наследничката на Шекеринска и Заев, која има само 23 години, е член на младината на СДСМ, а довербата на партиската врхушка ја стекна преку Студентскиот пленум, во кој беше задолжена да ја води битката на СДСМ за целосно оцрнување на легитимните студентски избори.
Ивана Туфегџиќ е магистрант по Уставно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Стана препознатлива во јавноста по платеничките настапи за исполнување на агендата за уништување на демократијата. Таа е еден од најистакнатите лидери на сдсмовскиот пленум кои како дел од платеничката револуција на опозицијата сакаа да ги спречат и легитимните избори за нов студентски лидер.
Ивана Туфегџиќ е член на младината на СДСМ и многу блиска до раководството на партијата за што потврдуваат и овие фотографии со лидерот Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска.
Ивана Туфегџиќ практикува улични демократија, често се обраќаше на платеничките променади на платеничката револуција, а е задолжена за кревање на тензии и предизвикување инциденти.
Ивана Туфегџиќ за реализацијата на плановите на својата партија не е задолжена од скоро. Таа изминатите неколку години е задолжена за креирање сценарија и сеење лаги и манипулации помеѓу студентите. Таа започна рамо до рамо да бара и оставрување на барањата на нејзините лидери во екот на политичката криза, па на својот блог делеше совети како треба да работи парламентот, како претседателот да замине од својата позиција и сл.
Според финансискиот извештај, кампањата на СДСМ чинела околу 320.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јоци до Павле Богоевски: Да знаевме дека ќе излезевте вакви ќе ве изд**aме во чаша
-
Муки си кажал уште во 2015: Некои „Албанци“ за мода немаат проблем и педери да станат
-
„Либералната“ левица и поддржувачите на ЛГБТ со навреди кон Зекири и жените од муслиманската заедница
-
Љуми Бекири разочаран: Гласав за живот, не за смрт