| четврток, 6 декември 2018 |

Две нови инвестиции во Битола, отворање на најмалку 260 директни работни места

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ4 Никола Груевски на синоќешниот митинг одржан во Битола истакна дека двете компании изнесуваат околу 10 милиони и 600 илјади евра

-Турска компанија која се занимава со метало-преработувачка индустрија одлучи да инвестира во зоната Жабени. Инвестицијата е од 8 милиони и 600 илјади евра и планираат најмалку 110 нови работни места. Тие веќе имаат купено земја во Жабени, а градбата ќе започне за некој месец, следната година, а стартувањето со производство најдоцна една година потоа.

На оваа инвестиција, додаде Груевски, работеше министерот Џери Наумоф по потекло од битолско и двајца од кабинетот на претседателот на Владата, Данчо Николовски и Слободан Тодоровски, кои заслужуваат честитки.

-Втората инвестиција е нова грчка компанија „Пластики“. Денес не извести дека оваа грчка компанија од областа на производството на изолациони и пластични материјали кои се употребуваат во градежни производи, дека донеле и финална одлука за инвестирање во Биотла со планиран број на вработени, најмалку 150 лица и инвестиција вредна 2 милиони евра. Тие ќе ја реализираат инвестицијата во браунфилд објект наредната година, подвлече Груевски.

Очекувањата на грчката компанија „Пластики“ се дека инвестицијата за околу две години да порасне до 2,5 милиони евра и да вработи 150 лица.

-Ние сме во овој бизнис уште од 1958-ма година, мојот татко ја оформи оваа компанија. Поизведуваме инфраструктурни материјали за изолирање како што кажав за тунели, метро станици, мостови, патишта и воглавно водни брани за големи градби. На почтокот ќе започнеме со инвестиција од 500 илјади евра, па за две до две ипол години ќе достигне до 2 – 2,5 милиони евра. Ќе вработиме околу 150 луѓе, вели во интервју за битолската телевизија МЕГА сопственикот на компанијата, Јанис Тирбас.

Тој додава дека пред две години, кога барале место за инвестирање биле повеќе ориентирани кон земјите од Европската унија, ги посетиле Бугарија и Србија, но по некое време луѓе од македонската Владата биле на Бизнис саем во Солун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top