Автобус со бугарски регистарски ознаки вчера вечер удрил во пешак и го усмртил на магистралата Крива Паланка-Куманово.
Како што соопшти полицијата, прегазен бил пешакот со иницијали М.Г. (1963) од кривопаланечкото село Гиновци.
Возачот е задржан во полициска станица и се чека дали ќе му биде одреден притвор.
Телото на загинатиот е предадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.