Не стивнуваат скандалите со затајување на данок во светот на фудбалот. Шпански „Ел Конфеденсиал“ открива дека Кристијано Роналдо го користел даночниот систем во Ирска, како би заработил поголема сума на пари од договорите со своите спонзори.
Документите кои се споделени од „Фудбал Ликс“покажуваат дека компанијата од Даблин, Ирска „МИМ“, склучувала договори со големи компании со кои соработува и ѕвездата на Реал Мадрид.
Според податоците во документите на компанијата од 2012 година има право да го користи име, потпис, видеа, фотографии и податоци за Кристијано Роналдо. Сето тоа е направено, бидејќи даночната стапка во Ирска е 12,5, што е двојно помала од онаа во Шпанија.
Доколку се докаже дека Роналдо соработувал и затајувал данок со помош на ирската компанија, тој би можел и кривично да одговара за делото за кое е предвидена и затворска казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)