| четврток, 6 декември 2018 |

Аудио од повикот во полиција на докторот на Канје!

Во приказната за нервниот слом на Канје која траеше десетина дена, нови и нови детали излегуваа на површина, во кои дознавме дека не се вистинити првичните тврдења дека “не е ништо страшно”.

Напротив, Канје морал да биде одведен во болница со помош на полиција и бил врзан со лисици за да можат да го совладаат. Аудио-записот од повикот на личниот доктор на Канје до полицијата излезе во јавноста и ги потврди овие информации.

Како што можете да слушнете, др.Мајкл Фарзам му вели на диспечерот дека ќе бидат потребни и полициски службеници и болничари за да го хоспитализираат Канје, бидејќи не дозволува никој да го допре а ситуацијата е сериозна, по што полицискиот диспечер го советува докторот да го држи раперот настрана од секакви оружја додека не пристигне засилување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top