| четврток, 6 декември 2018 |

Металурзите отпатуваа за Шпанија во обид за изненадување кај Ла Риоха

metalurg

Утрово со лет преку Истанбул, експедицијата на Металург отпатува за Шпанија. По летот за Истанбул до Мадрид, ракометарите ги очекува тричасовен пат со автобус до Логроњо, каде се игра средбата со Натурхаус Ла Риоха.

Натпреварот од 9. коло на Лигата на шампионите, се игра утре со почеток во 17.30 часот во „Паласио де депортес“, сала со капацитет од 3.800 места.

Металург на овој дуел ќе настапи без повредениот Филип Кузмановски, но ќе ја бка третата победа по ред во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top