| четврток, 6 декември 2018 |

Нивниот збор не вреди ништо (ВИДЕО)

Зошто Зоран Заев не донесе една инвестиција во Струмица, вели дека  се иселувале од Македонија оти немало работа и тврди дека ќе ги задржи луѓето во Македонија, ќе им овозможел да работат и им ветува 500 евра плата. Па, што не ги задржи во Струмица, каде што 11 и пол години е градоначалник. Постојано се иселуваа луѓе од Струмица. Што не донесе една инвестиција. Во неговата програма ветуваше за Струмица дека во индустриската зона која таму требаше да се прави ќе отворел не знам колку илјади работни места. Една фабрика не донесе таму, а денеска на сите граѓани им ветува дека толку многу фабрики ќе донел, што никој нема да замине од Македонија. Кого лаже? Кого мисли дека потценува.

Тоа се лажги со опашки, а опашките се во Струмица.

Во индустриската зона ,,Сачево“ градоначалникот на Струмица Зоран Заев ветуваше изградба на 300 фабрики и 3000 вработувања, а денеска таму има само празна полјана. Оваа зона е споменик на лагите и неостварените ветувања на лидерот на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top