Според ветувањето на Заев, идната федерализација на државата има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години. Заев се залага за доспроведување на процесот за поделба на земјата до степен на неповратност. Тоа што со нивниот речник е „редефинирање“ на унитарниот карактер на државата, значи воведување на двојазичност, па федерализација и потоа отцепување на државата со можност за приклонување кон соседни држави.
Заев им дал „беса“ на албанските радикали, но и на сите албански политички фактори во земјата. Според ветувањето на Заев, идната федерализација или кантонизација на државата, за чиешто име дополнително ќе се одредува судбината, има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години. Двојазичноста е само прва од трите фази на федерализацијата заедно со кантонизацијата и федерализацијата, како преоден пат кон отцепување на делови од Македонија.
Со првата фаза е опфатена зголемена употреба на албанскиот јазик како официјален јазик, пред сѐ во безбедносниот сектор и во институциите, пред сѐ во полицијата и во армијата, но и поделба по федерални единици, кантони, односно развивање на општините во „понапреден систем на самоуправување“.
Во втората фаза треба да се воведе двојазичност на целата територија на државата. Воедно, на албанските партии при „поделба на колачот на власта“ им се нудат институции и функции. Од една страна ветени се функции како претседател на Собранието, премиер или претседател на државата. Преку институциите, пак, ќе бидат доделени безбедносните ресори МВР, потоа ДБК, БЈБ, како и финансиските столбови УЈП, царината… Во оваа фаза би требало да се одвива и административно поврзување на федералните единици.
Третата фаза би значело само формализирање на федерализацијата на државата, поделба на кантони, кои потоа лесно би се отцепиле и би се припоиле кон соседни држави.
Затоа изборите на 11 декември ќе бидат референдум за тоа во каква држава сакаат граѓаните на Македонија да живеат – унитарна или поделена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)