| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија против Португалија, Шпанија и Србија на ЕП 2017 во Полска

Европското првенство во Полска ќе се игра од 16. до 30. јуни , во шест градови Краков, Кјелце, Лублин, Гдињ, Бидгошч и Тучи

Селекциите на Португалија, Шпанија и на Србија, ќе и бидат противници на младата репрезентација на Македонија во групната фаза од Европското првенство, кое следната година ќе се одржи во Полска.

Во групата “А” ќе се натпреваруваат репрезентациите на Полска, Словачка, Шведска и Англија, а во групата “Б” се селекциите на Германија, Чешка, Данска и Италија.

Нашата селекција ја доби четвртата позиција во групата што значи на 17. јуни ќе отвораме пресметка со Шпанија.

Најголеми ѕвезди во дресот на Шпанија се Саул Нигез (Атлетико М.), Денис Суарез (Барселона), Марко Асенсио (Реал М.), Мунир Ел Хадади (Валенсија) и Ињаки Вилијамс (Атлетик Б.).

Селекцијата на Португалија ќе биде предводена од Гелсон Мартинс (Спортинг Л.), Рубен Невес (Порто) и Конкало Гуедес (Бенфика).

Кога е во прашање селекцијата на Србија, најголема опасност пред нашиот гол би требало да бидат Андрија Живковиќ (Бенфика) и Марко Грујиќ (Ливерпул).

Европското првенство во Полска ќе се игра од 16. до 30. јуни , во шест градови Краков, Кјелце, Лублин, Гдињ, Бидгошч и Тучи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top