На рускиот Далечен исток, во републиката Јакутск, се наоѓа Ојмјакон, село во кое зимските температури паѓаат до – 60 степени, а во лето може да достигнат и до 30 степени. Ова е најстуденото постојано населено место.
Кога температурата во Ојмјакон малку ќе порасне, неговите жители се бескрајно среќни, а особено децата. Ќе одат на училиште без да бидат облечени со слоеви гардероба и едноставно полесно ќе се дише. Ќе биде „само“ – 35 степени. Ојмјакон се наоѓа во источниот дел на Сибир, на крајбрежјето на реката Индригирк, додека правно и припаѓа на републиката Јакутск од чиј главен град е оддалечен на дури 21 час возење со автомобил.
Студот, токму како и оддалеченоста, во Русија како да добиваат нова димензија. Ојкјакон е најстудено постојано населено место на светот со најниска измерена температура од неверојатни -71,2 степени. Ветер дува доста ретко, а годишно врне малку повеќе од 200 милиметри дожд. Сепак, од друга страна, температурите на лето може да досегнат и 20 до 30 степени, а највисока температура во тоа село биле во 2010година. Тогаш живата во термометарот запрела на 34,6 степени. Годишната температурна амплитуда поради тоа не ретко изнесува повеќе од 100 степени, а просечна годишна температура е -15 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)