Високотехнолошките инвестиции во земјоделското производство, особено во оранжериско градинарско производство, ќе бидат поддржани преку програмите за рурален развој со кофинансирање на 60 отсто од трошоците. Ќе обезбедиме 90 отсто кофинансирање на малите земјоделски стопанства да се развиваат во поголеми, истакна Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ4, при вчерашната посета на струмичко Банско.
-Ќе продолжиме со грантови од 10.000 евра за младите земјоделци кои првпат започнуваат да се занимаваат со земјоделство. Дополнително за млад земјоделец носител на семејно земјоделско стопанство ќе бидат обезбедени за 10 проценти повисоки директни плаќања во однос на останатите категории корисници, а развојните проекти кои се поднесуваат за програмите за рурален развој и ИПАРД од страна на земјоделци помлади од 40 години ќе бидат привилегирани во процес на рангирање при изборот, рече Груевски.
Подвлече и дека ќе се инвестира во уредување на патот кој води до локалитетот Банско.
Меѓу проектите тој ги издвои е и продолжувањето на значителната финансиска поддршка од 60 проценти од трошоците за осигурување на земјоделското производство, субвенции од 6.000 денари по хектар за подигнување насади со брзорастечки плантажни дрвја. Особено ја потенцира мерката на рурални развојни зони која, истакна, претставува голема шанса за развој на македонските села и за отворање нови вработувања.
-Ќе направиме многу други проекти кои ќе ги реализираме за Струмица и струмичкиот регион, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој вчера имаше средба и со жителите на населеното место Куклиш во Струмичко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)