| четврток, 6 декември 2018 |

Предлог Чапекоенсе да го одигра последниот натпревар: Претседателе, ние немаме 11 играчи

tan2016-12-1_3335717_0-620x350

Бразилскиот фудбалски сојуз пратил предлог до Чапекоенсе да го одигра последниот натпревар од бразилскиот шампионат закажан за на 11 декември во чест на фудбалерите и членовите на стручниот штаб на овој клуб кои загинаа во авионската несреќа во Колумбија. Преживеале само три играчи на првиот тим, а Иван Тозо, поранешен потпретседател на Чапеконсе кој сега ја извршува улогата на претседател, го раскажал разговорот кој го водел со првиот човек на бразилската фудбалска федерација за последниот закажан натпревар од оваа сезона.

– Зборував со претседателот Поло дел Неро кој ми рече дека одигрувањето на последниот натпревар со Атлетико Минеиро би бил голем настан. А јас на тоа му реков, Претседателе, па ние немаме ниту 11 играчи, на што тој ми одговори дека ги имаме младинците и нашите играчи кои не патуваа заради повреди. Исто така ми рече дека нема да биде важен конечниот исход, туку да се одбележи со свеченост оваа трагедија која го потресе целиот фудбалски свет, раскажал Тозо.

Инаку легендарниот голман на Чапекоенсе, Нивалдо, вечра го обваји своето моментално повлекување од фудбалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top