Канадскиот тенисер со црногорски потекло Милош Раониќ ја прекина соработката со некогашниот светски рекет број еден, тренерот Карлос Моја иако тој му помогна да ја направи најдобрата сезона во кариерата.
– Сакам да му се заблагодарам на Карлос за прекрасната година. Тој и другите членови на мојот тим ми помогнаа да го покажам најдоброто. Под водство и со советите на Карлос го играв најдобриот тенис – рече Раониќ.
Моја му се приклучи на штабот на Раониќ во јануари оваа година и Канаѓанецот забележа рекордни 52 победи и стигна до 11. место на листата на АТП. Во иднина Раониќ ќе продолжи да работи со италијанскиот тренер Рикардо Пијати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.