Со гостувањето на познатата Рената Салецл, која во Даут Пашин амам, ќе одржи предавање на тема „Политиката на избор како политика на насилство“, завршува годинашното прво издание на КРИК – Фестивал за критичка култура.
Предавањето на Салецл е дел тематскиот фокус „Архиви на насилство“, во организација на Контрапункт и ќе се одржи на 3 декември (сабота) со почеток од 18 часот. По предавањето, во 19 часот, ќе се одржи разговор со Рената Салецл, кој ќе го води Катерина Колозова.
Рената Салецл е една од најзанчајните мислители во регионот и пошироко. Филозоф, социолог и правен теоретичар од Словенија, која успева да создаде провокативно проникнување помеѓу критичката теорија, политичката филозофија, поструктуралистичката психоанализа, правото, политиките на телото и на масите.
Таа е истражувач на Институтот за криминологија, на правниот факултет на Универзитетот во Љубљана и е професор на Birkbeck College, University of London. Таа исто така била визитинг професор на London School of Economics. Секоја година предава на тема психоанализата и правото, на Benjamin N. Cardozo School of Law во Њу Јорк, а предава и на курсеви за неврологија и право. Од 2012, таа е визитинг професор на одделот за општествени науки на Health and Medicine at King’s College London. Нејзините книги досега се преведени на тринаесет јазици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.