На стадионот на колумискиот тим Атлетико Насионал, каде што синоќа требаше да се одигра првиот дуел од финалето на „Судамерикана“ против Чапекоенсе од Бразил, се собраа околу 45.000 навивачи за да одадат почит на трагично загинатите фудбалери од бразилската екипа.
Церемонијата ја почна колумбиската војска, а потоа беа пуштени 71 голуб за сите настрадани во авионската несерќа.
Пред исполнетиот стадион се собраа уште неколку десетици илјади луѓе и скоро сите носеа бели маици и бели цвеќиња.
На теренот продефилираа фудбалерите на Чапекоенсе што не се качија на авионот кој пред два дена го имаше кобниот лет.
Во трагедијата во близина на Медељин од вкупно 77 патници и членови на екипажот шест лица ја преживеаја несреќата, од кои тројца фудбалери, двајца членови на екипажот и еден спортски новинар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)