| четврток, 6 декември 2018 |

Кавани влезе во „клубот 100“ на ПСЖ (видео)

edison-kavani

Пари Сен Жермен ја продолжи победничката серија во францускиот шампионат откако вечерва тримфираше со 2-0 над Анжер. Тијаго Силва го отвори резултатот по корнерот на Леива, а конечните 2-0 ги постави Кавани од пенал (фаулиран беше Бен Арфа), со што уругвајскиот ас стигна до јубилејниот стоти погодок во дресот на „светците“ од Париз. Пред Кавани на вечната листа на најдобри стрелци на ПСЖ се наоѓаат само уште двајца фудбалери, Педро Паулета со 109 и Златан Ибрахимовиќ со 156 гола за францускиот фудбалски гигант.

 

Претходно, Ница се задржа на првото место на табелата со победата на гостувањето против Гингамп (0-1), благодарение на евроголот што го постигна Белханда. По 15 одиграни кола, на врвот се наоѓа Ница со 36 бода, еден повеќе од ПСЖ и три повеќе во однос на третопласираниот Монако, кој вчера одигра само 1-1 на гостувањето против Дижон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top