Ви го претставуваме YAAO 6000 – паметен телефон, кој, наверојатно, ќе се продава во Кина. Сигурно се прашувате што е толку посебно кај него? Па, има батерија од неверојатни 10.900 mAh!
Во моментов, обичен телефон со петинчен дисплеј има батерија од околу 3000mAh. Секако, компаниите ја довеле до оптимум употребата на енергија преку ефикасни хардвери и софтвери, но сè уште има простор за подобрување. Некои производители сфатиле дека постојат корисници што попрво би купиле голем телефон со одлична батерија, отколку тенок, чијашто батерија не трае ни пет часа. Така е создаден YAAO 6000, со батерија од 10.900mAh.
Станува збор за уред со 5,5 инчен 720 x 1280 TFT дисплеј со MediaTek MT6735 quad-core процесор. Има 1GB RAM и 16GB меморија. Задната камера е од 13MP, а предната од 5MP. Интересно е што батеријата може да се смени, во случај 10.900mAh да не ви се доволни.
Цената на уредот е 220 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.