| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ го лажеше народот само за да ги одложи изборите, се покажа дека фантомски гласачи не постојат

 

Се сеќаваме кога СДСМ велеше дека имаме фантомски гласачи, дека без тие чистења на списоците нема да излезат на избори, а сега и ДИК кој е целосно партизиран од нивна страна, вели дека списокот не само што е прочистен, туку е и зголемен за 5.000 нови гласачи, истакна од Кочани Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ 4.

– Сакам да кажам дека СДСМ го лажеше народот сиве овие години само за да ги одложи изборите. Тие велеа дека нема да излезат на избори доколку не се прочистуваат списоците, списоците освен еднаш се прочистија два пати и повторно не беа задоволни, предложија и нивни методи за прочистување на изборните списоци, за да на крајот се решат на избори.

gruevski-vinica2-640x330

Груевски рече и дека знае оти народот чека да дојдат изборите и да одлучат за стабилна Влада без деструкции и без хаоси, тој вели и дека знае оти овој народ доколку сака стабилност на државата треба да им помогне со 63 пратеника во Собранието.

– Заев ги лаже граѓаните дека ќе го враќал ДДВ на крајот на годината и тоа со 500 евра, ние направивме математика дека секој граѓанин треба да потрошат месечно од  2.000 до 2.500 евра за да им се врати на граѓаните ДДВ до 30.000 денари. Тој не е мудар да пресмета и затоа го лаже народот и повторно на крајот излезе измамник. Тој ветува толку многу фабрики, враќање на дијаспората и ред други работи, но како да му се верува на човек кој е на власт 11 години, тој 11 години не донесе ниту една странска фабрика, ниту еден човек од Струмица не е вработен и како вие ќе му верувате дека тука во Кочани ќе ви носи фабрики, изјави Груевски.

– Се изградија и реконструираа далеководи од 250 милиони евра, просечната нето плата порасна на 23.000 денари што е за 60 проценти од времето на СДСМ, пораснаа и платите во јавниот сектор, а примателите на социјална помош добија 70 проценти поголема парична помош. 4.700 лекови поевтинија, се намали партиципацијата за запишување на факултетите, се намали цената на патничките зелени картони, како и се воведоа едномесечни патни зелени картони. Новата Влада предвидува 70.000 нови работни места, а тоа дека е можно е фактот дека во изминатите години се отворија над 30.000 работни места во овој регион. Предвидуваме и субвенции за земјоделците, ќе се чистат и каналите, имаме и проект наречен од град во село за лица кои што сакаат да се преселат од град во село со 6.000 евра. Ќе се завршат и трите автопати, а ќе се започнат и три нови, помеѓу Штип и Кочани ќе се гради нов експресен пат со четири ленти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top