| четврток, 6 декември 2018 |

Чкембари со топки снег ги гаѓаа судиите, линискиот го извлече подебелиот крај (Видео)

Денеска во Битола се одигра вечното македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар, каде што вардарци славеа над Пелистер со 0-1 и ја прекинаа победничката серија на Битолчани.

Дербито мина со неколку прекини затоа што домашните навивачи го искористија снегот на трибините за да прават топки и да ги гаѓаат судиите и противничките фудбалери.

Во еден момент тие го погодија и линискиот судија Дејан Костадинов кој се пожалил на повреда, а на видеото може да погледнете дел од инцидентите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top