| четврток, 6 декември 2018 |

Бил Гејтс повторно најбогат човек на светот

113504-5-never-known-before-facts-of-bill-gates-personal-life

Бил Гејтс го замени мексиканскиот магнат Карлос Слим на првото место на листата на најбогатите луѓе на планетата, покажуваат податоците на индексот на милијардерите што го подготвуваат телевизијата и магазинот „Блумберг“.

Богатството на Гејтс изнесува 72,7 милијарди американски долари, или 550 милиони долари повеќе од неговиот најблизок конкурент Карлос Слим, кој три години едноподруго беше на врвот.

Според агенцијата, во тековната фискална година активата на Гејтс е зголемена за околу 10 милијарди долари, или за 16 отсто. Притоа акцијата на „Мајкрософт“ вчера порасна за за 28 отсто и ја достигна рекордната вредност во последните пет години.

Во истиот период  Карлос Слим изгуби речиси три милијарди долари, што е последица на одлуката на Конгресот на Мексико од март за направи промени во регулирањето на домашниот телекомуникациски пазар. По спроведувањето на оваа реформа уделот на компанијата „Америка Мовил“ во сопственост на Слим, не може да надминува повеќе од 50 отсто од мексиканскиот телекомуникациски пазар, иако претходно таа беше фактички монополист во тој сегмент.

Богатството на Карлос Слим е проценето на 71,2 милијарди долари и се намалило за 14 проценти.

Третиот од листата на 100 најбогати луѓе на светот на „Блумберг“, е уште еден американски инвеститор, Ворен Бафет со 59,6 милијарди долари. Тој претседател и главен извршен директор на „Бершкир Хатавеј“, холдинг компанија која опфаќа широк спектар од бизниси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top