Никола Попоски наспрема Стево Пендаровски – смиреност насрепма тестостерон. Каква порака им испратија на гласачите политичарите од синоќешниот ТВ-дуел во политичката емисија 200 на ТВ Алсат-М. Она што имаат да го кажат, го слушнавме, но она што го видовме, зборува многу повеќе. Смирен, одмерен политичар, наспрема нервозен и агресивен, кој немоќта на зборовите ја канализира во пренагласено гестикулирање, симнат поглед, повишен глас.
Невербалната комуникација е поважна од вербалната, зашто кога мозокот ќе се замори од слушање, се наслонува на полесно соџвакливи сигнали, како што е говорот на телото. Така, востановено е дека гласачите повеќе им веруваат на луѓето кои не ги кријат дланките, а политичарот кој многу се смее, не се доживува како авторитет. Политичарите кои многу трепкаат или избегнуваат да го гледаат соговорникот во очи лажат, а оние кои го допираат вратот се несигурни и се чувствуваат загрозено, а допирањето на носот е сигнал дека нешто кријат. Гестикулацијата со рацете се смета за недостаток на способност за вербално изразување иако е значаен фактор на комуникација. Ако е претерана може да ослаби комуникацијата или да се доживее како закана. Движењата на рацете треба да бидат одмерени, да ги нагласуваат зборовите, а не да бидат замена за нив.
Контролирана мимика и симетрична гестикулација сигнализира стабилност и ги доловува чувствата на доверба и сигурност. Во тоа добро се вклопува и начинот на говор, во кој нема полемизирање и кој делува урамнотежено. Дури и искусните политичари, дури и кога се добро обучени, не можат да избегаат од себе, па гестикулациите и мимиката барем еднаш во настапот ќе ги откријат нивните намери.
Во овој телевизиски настап на Пендаровски и Поповски не беше потребно да се лови миг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)