Едно село – кантон и тоа село си одлучува за самото село. Ова е кантонизацијата според визијата на опозицискиот лидер Зоран Заев и негови збори кажани при обраќањето пред албанската дијаспора во Швајцарија. Заев во Берн ги објасни чекорите и неговата визија за кантонизација на Македонија, што според експертите претставува вовед во физичка поделба на Македонија.
–Првиот чекор што мораме да го направиме е да направиме уште поголема децентрализација, да ги создадеме регионите. Треба да бидеме растеретени дали има некоја делба по некој процент или математики. Гледам овде едно село е кантон и тоа село си одлучува овде за самото село, рече Заев пред албанската дијаспора. Во својот „План за живот“, СДСМ предвидува трансферирање на дел од надлежностите на полицијата околу одржувањето на јавниот ред и мир и сообраќајот од централната на локалната власт.
–Со други зборови формирање на локални полиции во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Липково или Арачиново. СДСМ предвидува реорганизација на локалната самоуправа или како што самите наведуваат на страна 164, цитирам: „Ќе воведеме политипни општини со различни надлежности, во зависност од големината и изградените капацитети и моќта да генерираат сопствени приходи, или со поделба на надлежностите на задолжителни и изборни“. Ова е веројатно територијалната реорганизација по урнек на швајцарското кантонално уредување што го ветуваше Заев, изјави неодамна на прес-конференција долгогодишниот претседател на Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски.
Претседателот на албанската емиграција од Македонија, Муса Љамалари, во интервју за „Вечер“ ги открива своите врски со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, неговото залагање за федерализација и двојазичност во Македонија. Љамалари е јасен: Македонија мора да се федерализира по белгискиот, швајцарскиот или германскиот модел.
– Јас ја гледам Македонија, за подобро и за тебе и за мене да го има тој белгиски модел за федерализација. Германија е федерална држава, Швајцарија е кантонизирана, во Ирска има регионализација. Сега мислам дека тука е подобро да се федерализира за сите да влеземе со некои вредности, а не некои елити да седнат таму горе и да манипулираат со граѓаните за ние да се испотепаме. Тоа не е фер.
Воведувањето кантони претставува редефинирање на државата и според експертите е само прв чекор кон разнебитување на Македонија. Доволно е еден кантон после неколку години да донесе одлука дека сака да се припои кон некоја соседна држава, за тој процес да стане незапирлив.
–Дводомен парламент, кантонизација, на балканските простори, познавајќи ја блиската историја води кон физичка поделба на државата Р. Македонија, вели аналитичарот Никола Србов.
Неколку општини, пред три дена во Тирана потпишаа договори за поблиска меѓусебна соработка, што во српските медиуми беше протолкувано како промовирање на Голема Албанија на мала врата. Во Унијата покрај Тирана, влегуваат и Приштина, Тетово, Улцињ и Прешево. Договрото за соработка го потпишале градоначалникот на Тирана Ерол Вељак, на Приштина Шпенд Ахмети, на Тетово Теута Арифи, на Улцињ Назив Чунг и на Прешево Шчиприм Арифи.
Викендов во грчки медиуми беше објавен текст во кој се коментира инцидентот во возило на албанска амбасада во пресрет на доаѓањето на американскиот претседател Барак Обама. Во возилото беа најдени материјали, учебници со карти на Голема Албанија.
-Вработени во албанското министерство за надворешни работи, фатени со пропаганден материјал за „Голема Албанија“ што планирале да го разделуваат за време на маршот за претседателот Обама, а исто така сакале ист таков банер да го пуштат во толпата, објавија грчките медиуми. Според нив, безбедносните служби во Атина се сериозно загрижени за тоа што е пронајдено кај лицата од албанското министерство за надворешни работи: книги и мапи од Голема Албанија. Функционерите од албанското министерство за надворешни работи успеале материјалите да ги пренесат во Грција. Двајцата возачи имале за цел да ги предадат материјалите до албанската амбасада во Атина. Понатамошната процедура била истите да се разделат на албански студенти кои се во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)