| четврток, 6 декември 2018 |

Бразилските клубови во акција, по тројца играчи на позајмица како помош за Чапокоенсе

По големата трагедија и авионската несреќа во Меделин во која загинаа 77 лица, помеѓу кои и скоро комплетниот тим на бразилскиот клуб Чапокоенсе, клубовите ширум земјата се обединија и му понудија шанса за спас на погодениот тим од Санта Катарина.

Коринтијанс, Палмеирас, Сантос и Сао Паоло се само дел од тимовите кои во барањето доставено до Фудбалската федерација на Бразил побараа Чапокоенсе да има загарантирано место во лигата во наредните три сезони без разлика на резултатите кои ќе ги оствари. Исто така, бразилските клубови покренаа и акција со која клубовите ќе испратат по три фудбалери кои како позајмени ќе го носат дресот на Чапокоенсе во наредните три години, а целиот трошок околу платите на фудбалерите ќе падне на клубовите од каде доаѓаат играчите.

Покрај ова, КОНМЕБОЛ одлучи Шапокоенсе да се натпреварува во Копа Либертадорес, натпреварување кое во Јужна Америка е еквивалент на европската Лига на шампиони, како и во Суперкупот на Јужна Америка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top