| четврток, 6 декември 2018 |

Герет Бејл не е за продажба, Велшанецот го продолжи договорот со Тотенхем

Извонредниот Велшанец, Герет Бејл не е за продажба иако се очекуваше да биде еден од најатрактивните фудбалери на летниот трансфер-пазар. Бејл го продолжи договорот со Спарс до 2017 година, а платата ќе му биде околу 150 илјади евра неделно. За 23-годишниот офанзивец се заинтересирани Реал Мадрид, Барселона, Манчестер јунајтед и богатите ПСЖ и Манчестер сити. Фудбалските експерти потегот на Тотенхем го толкуваат како кревање на цената на Бејл со продолжувањето на договорот за да извлечат повеќе пари за отштета, во случај на продажба на играчот.

Сепак, постои и втора страна на медалот, а објаснувањето е дека Бејл сигурно останува во Тотенхем и дека раководството на тимот од Лондон сака да направи силен тим што ќе направи посериозен чекор во европките купови и патем ќе атакува и на титулата во Премиер-лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top