Граѓаните чекаат да падне обилен снег за да потрчаат да купат зимски гуми за возилата. Ниските температури и снежните наноси ја зголемуваат продажбата на зимската опрема. Сепак, околу 70 проценти од автомобилите што се возат низ Скопје и на снег користат летни гуми.
За да заштедат, возачите се одлучуваат и на снег да возат со летни гуми кои се несоодветни за голомразица и ниски температури. Според продавачите на гуми, летните гуми се функционални само до 7 Целзиусови степени додека под оваа температура драстично ги губат својствата со што се загрозува и безбедноста во сообраќајот.
Иако сезоната за носење на зимска опрема трае од 15 ноември до 15 март продажбата на зимски гуми најмногу расте кога ќе падне снег, како што е случај и овојпат. Разликата меѓу зимските и летните гуми е огромна, летните гуми се потврди од зимските кои се меки и имаат повеќе шарки, потоа летните функционираат само до 7 степени и под оваа температура и кога е суво, не само на снег се јавува разлика во кочењето кое е намалено и може да ја загрози безбедноста во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)