Илија Димовски, носителот на листа во Изборната единица 3 од Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денеска во Кочани промовираше две мерки од Програмата на Коалицијата кои се однесуваат на вработувањето.
– Првата мерка се однесува на самовработување со кредитирање на вршители на земјоделска дејност, а се однесува на формализирање на веќе постојни земјоделски и други услужни дејности. Оние граѓани кои ќе ги формализираат своите земјоделски бизниси, ќе добијат по 7.000 евра кредит од Македонија со грејс период од една година и со целосна отплата од седум години. За секое следно вработување би добиле уште 4.000 евра односно 64.000 евра до 15 вработени. Ова ќе даде значаен придонес за развојот на земјоделството и аграрот воопшто, истакна Димовски.
Втората мерка, како што рече, се однесува на Програмата за кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места. Секоја компанија која ќе отвори ново работно место од државата ќе добие кредит од 3.000 евра со рок на отплата две години и грејс период од една година со камата од 1процент. Лицето кое што се вработува ако е под 29 години ќе добие кредит од 4.000 евра за вработување во компанијата.
Проектот „Македонија вработува 2“ продолжува и понатаму, истакна Димовски, правејќи паралела дека на крајот од мандатот на СДСМ во Кочани биле вработени 6.778 лица, а до денес во мандатот на ВМРО – ДПМНЕ се вработени 11.346 граѓани на Кочани. Разликата во овој дел е 4.568 повеќе што значи толку граѓани одат на работа. Оваа бројка е за 80 отсто зголемена. Ваквиот број на зголемени работни места се должи и на присуството на две странски компании во Кочани, како и отворање на мали семејни бизниси.
Димовски оствари средба со жителите на Ромското маало, со младите и граѓаните на Кочани, а попладнево ќе одржи средба со жителите на село Тркање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Кочанскиот ориз не е ГМО