| четврток, 6 декември 2018 |

Предавање на еминентниот археолог Туна Акчај во Музеј на Град Скопје

Во ЈУ Музеј на град Скопје на 02 (петок) декември 2016 во 10:00 часот ќе се одржи предавање на еминентниот археолог Проф. д-р Туна Акчај, професор по археологија на Гази Универзитетот во Анкара, Р.Турција. Тема на предавањето ќе биде: Life and Death in light of Death Cult at Olba / Животот и смртта според Култот на мртвите во Олба.

Предавањето го организира Музеј на град Скопје во соработка со Турскиот Културен Центар Јунус Емре – Скопје.

Проф. д-р Туна Акчај дипломирал археологија и социјални науки на Универзитетот во Мерсин, Р.Турција. Магистрирал на тема : Гробницата Олба.  Докторски  студии запишал на Универзитетот во Келн, Р.Германија. Претстојот во Германија го искористил покрај за следење на програмата за докторат и за истражувања во повеќе библиотеки и институции откривајќи нови професионални идеи и перспективи.

По враќањето од Германија,2012 година докторина на тема: Култот на мртвите во гробницата Олба , по чија одбрана работи како професор на Факултетот за археологија при Гази Универзитетот во Анкара.

Учествувал на археолошки истражувања на повеќе локалитети низ Р.Турција и постојан член на типом на Олба е од 2001 година. Публикувал стручни статии во повеќе научни списанија од областа на археологијата.Со активно учество на археолошките истражувања, медиумски информации и бројни заштитни проекти се заложил и дал голем допринос за зачувување и промовирање на културните вредности на градот Мерсин.

Паралелно со археологијата проф. д-р Туна Акчај од 2000 година се посветил на уметничката фотографија како свера за нови креативни предизвици. Неговите фотографии низ годините многупати биле наградувани со признанија на национално и меѓународно ниво, околу 50-тина. Реализирал бројни самостојни  и групни изложби. Во 2013 година ја добил најпрестижната  награда за најуспешна уметничка фотографија и е прогласен за најдобар  фотограф во Р.Турција. Истата година учествувал на конкурс за фотографија организиран од  УНЕСКО и е доботник на наградата најуспешно остварување.

Заедно со група врвни фотографи во 2013 година го основале Здружението Анадолска фотографија  и во моментов е заменик претседател на истото.

Љубителите на уметничка фотографија од 01.- 08.12.2016 година  делата на десет членови на Здружението ќе можат да ги разгледаат во Уметничка галерија на Р.Македонија – Чифте амам.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top