Интер вчеравечер ја победи Фјорентина со 4-2 во последниот натпревар од 14. коло во италијанската Серија А.
Екипата на Стефано Пиоли одигра еден од најдобрите натпревари од почетокот на сезоната, а победата ја запечати уште во првите 20 минути. Брозовиќ од првиот вистински напад на мечот го отвори резултатот, а потоа во 9. и во 19. минута голови постигнаа Кандрева и Икарди.
До крајот на првиот дел Фјорентина го намали резултатот со голот на Калиниќ, а виолетовите во последните секунди од првото полувреме останаа и без исклучениот Родригез. И со играч помалку Фјорентина постигна уште еден гол преку Иличиќ, кој намали на 3-2. Конечниот резултат го постави Икарди со својот 12. гол во сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)