| четврток, 6 декември 2018 |

Стравична несреќа во Колумбија: 13 преживеани и 64 мртви во пад на авион со цел фудбалски тим

pad

Авион со 77 патници и членови на екипажот се урна во близина на Меделин во Колумбија. Светските медиуми јавуваат дека 13 лица се преживеани, а 64 мртви. Во леталото кое се движело кон вториот колумбиски аеродром по величина биле и фудбалерите на бразилски Шапокоенсе. Се сомнева дека причина за несреќата е немање доволно гориво.

pad2

Авионот од типот „Аероспејс 146“ полетал од Сао Паоло во Бразил и имал едно застанување во Санта Круз де ла Сиера во источна Боливија каде веројатно танкирал гориво, но, се чини, недоволно, по што се упатил кон Колумбија. Светските агенции наведувааат дека со истиот авион овој месец леташе и фудбалската репрезентација на Аргентина.

pad3

Бразилските медиуми јавуваат дека авионот загубил контактот со контрола на летот нешто по полноќ по локално време и дека несреќата се случила неколку минути пред слетување.

pad4

Шапокоенсе патуваше во Колумбија на натпревар со домашниот Атлетико Национал во финалето на Купот Судамерикана што требаше да се одигра утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top