– Ќе настојуваме оризопроизводителите да ја добијат вистинската цена на оризот што ја бараат. Токму затоа утре на тој терен ќе претстојуваат претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Државниот инспекторат кои на лице место треба да утврдат дали е започнат откупот на арпата и белиот ориз од годинашнава реколта. Ние се залагаме откупната цена за килограм арпа да биде од 18 до 22 денари – изјави претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев.
Тој денеска ја посети општината Чешиново Облешево, каде што се сретна со градоначалникот Костадин Личков и имаше средби со жителите и со земјоделци оризопроизводитрели.
На средбата со градоначалникот станало збор за реализација на започнатите проекти во општината меѓу кои приоритет е даден на патниот правец од Штип кон Кочани кој поминува низ оваа општина.
На средба со земјоделците оризопроизводители Димитриев ги истакна новите мерки на владата за унапредување на земјоделството и селото.

Тој најави и нови поволности за земјоделците и притоа посочи дека за системите капка по капка, тие ќе имаат државни субвенции во висина од 80 проценти. За изградба на системи за наводнување ќе се вложат 140 милиони евра, рече, а за купување земјоделска механизација односот ќе биде 60:40 со поддршка на државата.
За развој на малите рурални места, отворање на бизниси и вработување на невработени и стечјаци Владата, рече Димитриев, ќе го поддржи овој сектор со доделување на 2.000 односно 4.000 евра за невработено лице односно стечаен работник.
Димитриев имаше средба и со жителите на неколку населени места од општината Чешиново – Облешево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Емил Димитриев: Дали владата работи на индустриската зона во Пробиштип?
-
Димитриев: Доаѓаат локални избори, силно се подготвуваме и очекуваме нашата партија и овој пат да има одличен резултат
-
Димитриев: Како и до сега, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на браникот на националните и државните интереси на РМ
-
Димитриев: Историското наследство и делото на Кирил и Методиј е едно од најзначајните богатства на Македонија и македонскиот народ


