| четврток, 6 декември 2018 |

Втор пораз по ред за Клиперс, блескава партија на Харден (видео)

klipers

Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс поразени се и на гостувањето во Индијанополис, што за нив е втор пораз по ред. Во победата на домашната екипа од 91-70 се открива лошата форма на клиповите. Глен Робинсон со 17 поени и Ал Џеферсон со 16 поени се издвоија во победничката екипа.

Џејмс Харден беше најзаслужен за новата победа на Хјустон на гостувањето кај Поортланд со 114-130, а „брадата“ мечот го заврши со 38 поени и 10 асистенции. Ерик Гордон додаде 26 поени со што му беше од гоклема предност на првата „ѕвезда“.

Шампионот Кливленд многу потешко од очекувањата славеше на гостувањето против Филаделфија. Домаќините можеби важат за еден од најслабите тимови во лигата, но синоќа сериозно го намалија актуелниот првак, кој на крајот триумфираше со 108-112. Кајри Ирвинг постигна 39 поени за бранителот на трофејот, додека Леброн Џејмс забележа трипл-дабл од 26 поени, 13 скокови и 10 асистенции.

НБА резултати:

Филаделфија – Кливленд 108-112, Феникс – Денвер 114-120, Бруклин – Сакраменто 105-122, Орландо – Милвоки 96-104, Индијана – ЛА клиперс 91-70, Далас – Њу Орлеанс 91-81, Портланд – Хјустон 114-130, ЛА лејкерс – Аталанта 109-94.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top