| четврток, 6 декември 2018 |

Писателите на поетска средба во манастирот „Св. Јован Бигорски“

Друштвото на писателите на Македонија денеска во библиотеката на манастирот „Св. Јован Бигорски” ќе одржи поетска средба по повод акцијата за донирање книги, покрената по опожарувањето на ова духовно средиште. На средбата пригодни обраќања ќе имаат претседателот на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија, Веле Смилевски, и старешината на манастирот „Св. Јован Бигорски“, архимандрит Партениј, а потоа со стихови ќе настапат десетина поети од различни генерации.

Друштвото на писателите на Македонија ќе подари неколку едиции со книги за обновената библиотека на манастирот „Св. Јован Бигорски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top