Ова е една неверојатна приказна за скромен брокер кој во Втората светска војна успеал да ги спаси животите на најмалку 669 деца од нацистички концентрационен логор на смртта. Неговото име е сер Николас Винтон, а поради својата несебична акција, кај многумина е познат како Британскиот Оскар Шиндлер.
Винтон ги спасил еврејските деца од поранешна Чехословачка, а во периодот меѓу 1938-1939 ги префрлил на безбедно во Велика Британија. За својот херојски подвиг човекот молчел речиси 50 години, сè додека неговата сопруга Грета во 1988 не пронашла албум со комплетна листа на имиња и фотографии на децата.
Потоа, многу емотивни биле неговите средби со спасените деца, но особено се памети изненадувањето од една емисија во живо кога на стариот Винтон му било соопштено дека околу него седат луѓето што ги спасил пред 50 години.
Британскиот херој почина лани на возраст од 106 години и тоа на годишнината од заминувањето на возот со кој во 1939 година успеал да поведе најголем број деца, 241. Бидејќи ги водел децата кон Велика Британија, Винтон морал да се соочи со бирократијата на двете страни. Неговиот зет Стивен Вотсон рекол дека Винтон починал мирно, додека спиел.
Пред неколку месеци во Лондон му беше оддадена посебна почит и во знак на благодарност негов споменик е поставен на главната железничка станица во Прага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)