| четврток, 6 декември 2018 |

Град нa духови: Жителите побегнале пред 36 години и никогаш не се вратиле (Видео)

Во италијанскиот град Апиче повеќе од три децении улиците се празни, а зградите пусти и оставени да се распаднат. Некогаш илјадници жители живееле таму, но по страшниот земјотрес ги напуштиле своите домови и никогаш не се вратиле.

Апиче се наоѓа во регионот Беневенто и е изграден во златната доба на Рим, а датира уште од осмиот век.

Ова место станало „град на духови“ кога пред 36 години го погодил силен земјотрес, а тогаш загинале околу 2 500 жители.

87

Скоро 200 000 луѓе по таа катастрофа останале без своите домови, а жителите на Апиче заради својата сигурност се одлучиле да ги напуштат домовите.

Сега, по цели три и пол децении, во градот почнале да се враќаат некои од жителите, но сепак, изгледот на ова место е во најмала рака морничав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top