| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од светската десница, а СДСМ кампањата ја заснова на шпионирање (видео)

Антонио Милошоски, кој е носителот на листата на ВМРО­ ДПМНЕ на сенародниот собир кој вечерва се одржува во Скопје, порача дека ВМРО­ ДПМНЕ ја има поддршката од светската десница, а СДСМ својата кампања ја заснова на шпиoнирање.

– Драги браќа и сестри, кои се сојузниците на СДСМ? Сојузници на Заев се Зоран Верушевски, Слободан Богоевски и Захир Бекири ­ Чауш, ова се сојузниците на СДСМ во Република Македонија. Кои се сојузниците на ВМРО­ДПМНЕ видовте вечерва ­ нашите сојузници се Кристијан Керн премиерот на Австрија, Виктор Орбан премиерот на Унгарија и Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски држави. Тоа се нашите сојузници а тоа се нивните шпиуни и разузнавачи – изјави Молошоски.

miting-vmro-skopje-izbori-2016-19-custom

Носителот во шестата изборна единица, порача дека со шпионирање Заев никогаш нема да стане премиер.

-Да им порачаме на сите што не веруваа и се сомневаа и манипулираа, ова не се фантоми, ова е народот на Македонија. Овие 60 илјади луѓе тука од цела Македонија, ова се нашите гласачи, ова не е грдото лице на Македонецот. Ова се убави луѓе кои што се тука да застанат на браникот на својата татковина.  Дали ќе ги избереме СДСМ кои што предизвикаа политички кризи или ќе го одбереме ВМРО-ДПМНЕ што отвора нови фабрики и носи странски инвестиции. Дали ќе ги избереме СДСМ кои што кратат и крадат од пензиите на граѓаните или че се избере ВМРО-ДПМНЕ што секогаш ги покачува македонските пензии – рече во Милошоски на собирот пред Собрание.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top