| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорчев до неопределените: Ни требаат 63 пратеници за зачувување на Македонија

Носителот на шестата изборна единица Влатко Ѓорчев ги повика неопределените граѓани како и оние од СДСМ да го дадат гласот за ВМРО-ДПМНЕ за да се зачува уставниот поредок на земјата.

-Ако во 1991-та година референдумот беше за создавање на независна Македонија овие избори во 2016-тата година се референдум за сочувување на Македонија-рече Ѓорчев.

Тој се заблагодари на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за новата фабрика во Тетово и најави нова економска зона во Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top