Арсенал ја оствари осмата победа во Премиер – лигата, совладувајќи го Бурнемаут на „Емирати“ со 3-1. Со овој триумф, „топчиите“ се доближија на три бода негатива до лидерот Челси и се наоѓаат на четвртата позиција на табелата.
Тимот на Арсен Венгер поведе со голот на Алексис Санчез во 12.минута, откако Чилеанецот искористи една грешка на гостинската одбрана. Но, Бурнамеут израмни од пенал со голот на Вилсон во 23.минута.
Во вториот дел, Арсенал успеа да стигне до трите бода. тео Волкот во 53.минута повторно ги доведе „топчиите“ во водство, а точка на триумфот стави Алексис Санчез во судиското продолжение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)