| четврток, 6 декември 2018 |

Розберг: Горд сум што го повторив успехот на мојот татко

niko-rozberg

Луис Хамилтон ја освои последната победа во Формула 1 шампионатот за оваа сезона, но титулата сепак на крајот отиде во рацете на Нико Розберг. Тимот на Мерцедес дефинитивно има за што да слави. „Сребрените стрели“ веќе три сезони по ред како да немаат конкуренција на гридот за што зборуваат и освоените шампионски титули.

Оваа година, Нико Розберг во сребрениот болид ја освои својата премиерна во најбрзиот циркус во светот по 11 сезони минати низ гаражите и се изедначи по бројот на титули со својот татко Кеке кој беше светски шампион во 1982 година.

– Ова дефинитивно не беше трката во која најмногу уживав. Макс Верстапен ми правеше многу проблеми. Мило ми е што конечно заврши особено по последните неколку кругови. Им се заблагодарувам на сите, од тимот до моето семејство за поддршката. Многу сум горд што го направив истиот подвиг како мојот татко. Сакам да му честитам и победата на Луис кој имаше фантастична сезона. Едвај чекам да прославиме со сите во тимот за одличната година и двете титули – истакна актуелниот светски шампион по крунисувањето на подиумот во Абу Даби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top