| четврток, 6 декември 2018 |

Девојче падна во река – спасувачките екипи сеуште на терен трагаат по нејзиното тело

Во петокот околу 22 часот и 30 минути 15 годишната Б.В. од Сента со друштвото се шетала покрај мостот кој ги поврзува Сента и Чоку и од тогаш и се губи секоја трага по пад во реката.

Причините за тоа како девојчето паднало во реката сеуште се испитуваат, а се претпоставува дека се лизнала и така паднала во ладната Тиса.

Друштвото со кое било девојчето кога забележало дека ја нема, веднаш го пријавиле случајот во полиција.

Спасувачките екипи сеуште се на терен и трагаат по нејзиното тело.

Според изјавите на луѓето Тиса на тоа место е длабока 10 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top