Во своето обраќање пред албанската дијаспора во Берн го отвори, а на митинзите го повторува прашањето за отворање на Охридскиот рамковен договор. Претседателот на СДСМ Зоран Заев вели дека “мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во “еднаквоста и рамноправноста“. Заев нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките за да се исполни договор кој е веќе исполнет и затворен. Доколку земеме предвид што сѐ нуди Рамковниот договор и фактот дека е спроведено речиси сѐ од него, следни барања, бидејќи веќе нема што да се бара, би биле физичка поделба на државата, нејзина федерализација како стадиум пред поделба.
-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21 век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.
Ова играње со оган ќе нè изгори сите. Ова што го зборува Заев е чисто уривање на рамковниот договор. Тој е свесен дека со самото тоа што сака од СДСМ да направи албанска партија, тоа се коси со одредбите од Рамковниот договор, смета аналитичарот Никола Србов.
-Заев сака да биде поголем Албанец од Албанците и отвора прашања кои подоцна можат да ни создадат многу големи проблеми во државата, кои Албанците воопшто не ни помислиле да ги отворат. Знаат дека не е изводливо во овој момент да се поставуваат такви прашања токму поради рамката која ја добивме со војната од 2001 година и со тој Рамковен договор и во тој момент се пронаоѓа Зоран Заев да ги отвори овие прашања и да ја крене цената на албанските барања кога ќе се создава идната влада на Република Македонија“, рече Србов.
Заев директно ги поткопува државноста на Република Македонија и Уставот со ваквите изјави и со ваквиот тип на политика, ловејќи албански гласови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)