За историјата на главниот град на Македонија раскажувале многу градски хроноичари, но ретко кој не слушал приказни и од претците, но од постарите сограѓани кои раскажуваат за едни убави стари времиња…
Најчудните работи што му се случиле на Скопје во периодот од 1955 до 1963 година се: Чудниот снег кој веел 105 дена без престан, полавата во 1962 година и секако она што на секој скопјанец му биди најмногу емоции кога ќе се спомене 1963 година, катастрофалниот земјотрес.
Во Скопје под чудни околности во 1955/56 година без престан паѓало снег 105 дена. За оваа чудна зима има многу малку информации и многу малку се сеќаваат старите жители. Радијата секојдневно најавувале нови врнежи на снег се до последниот ден од бурата, а тоа бил рекордниот 105-ти ден од далечната 1955/56.
Мажите секојдневно ги чистеле улиците за да можат да одат на работа, а секое утро се зголемувале сантиметрите на ново паднатиот снег. Таа зима никогаш нема да ја заборави ни скопјанецот дедо Благоја кој тоа зимо неговата сопруга на свет ја донела нивната прва ќерка, а тој на раце низ снегот ја носел својата сопруга од Драчево до државна болница за да се породи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.