И за професорката Тања Каракамишева-Јовановска анкетата на „Брима галуп“ е реален одраз на расположението на македонските граѓани за тоа која партија и кој лидер ја заслужува нивната доверба десет години по ред. Овие проценти преку кои е отсликана довербата на граѓаните не се фантомски, ниту виртуелни како што две години Заев и СДСМ ја замајуваа јавноста, туку резултат на долгогодишна напорна работа, посветеност во реализацијата на ветеното во партиската програма, и теренска работа преку која ВМРО-ДПМНЕ е во постојан контакт со потребите на граѓаните.
–Не случајно анкетата покажува високи 33% активност на терен во корист на ВМРО-ДПМНЕ во однос на 15.2% на СДСМ. Овој висок процент не ја одразува само партиската присутност на терен, туку многу повеќе од тоа. Покажува колку партијата се грижи за граѓаните, колку е одговорна кон ветеното, колку е професионална во тоа што го работи, колку е совесна и колку е заинтересирана да види дали работите функционираат на терен така како што биле предвидени, и планирани. Токму овие карактеристики ѝ даваат двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ, а истите се резултат на новиот стил на политичко лидерство што го наметна г. Груевски со доаѓањето на чело на партијата. Г. Груевски наметна модерен партиски и политички стил на политичко делување и менаџирање кој влева граѓанска доверба заради видливата политичка одговорност, работа, отчетност, професионалност. Овој нов стил на лидерство му донесе на ВМРО-ДПМНЕ огромна предност пред другите партии за многу наредни години. Длабинските партиски промени во делот на работата и посветеноста кон ветеното што ги направи г. Груевски во ВМРО-ДПМНЕ не се направени во ниту една партија во земјата што секако се одразува на (не)квалитетот во работата и делувањето на секоја од нив.
Резултатите во анкетата даваат опис и на овие моменти, поради што Заев има двојно помала доверба од Груевски. Политичкиот резон на граѓанинот е ако лидерот не успее да наметне позитивен стил на раководење со партијата и не наметне нова, креативна и иновативна енегија која ќе создаде ефекти во партијата, како тогаш да се очекува дека тој лидер и неговиот тим ќе успее да направи позитивни промени во земјата.
Од друга страна, на поволниот рејтинг за ВМРО-ДПМНЕ силно влијание има и црната, негативна предизборна кампања што СДСМ ја форсира веќе две години во државата. Целата партиска енергија во изминатите две години СДСМ ја насочи кон деструкција, пуштање на “бомби”, предавничко соработување со странски центри на моќ, негирање на Уставот, дестабилизирање на правниот и политичкиот систем на државата, нереални ветувања, антимакедонски тези и предлози кои дополнително ја искомплицираа политичката понуда во земјата. Иако на моменти оваа партија се трудеше да се извлече од сопствените црнила во кои и самата се заглави, факт е дека овие луцида интервала не успеаа да го тргнат граѓанскиот впечаток дека оваа партија е фокусирана само кон дискредитирање на политичкиот противник по секоја цена и на секаков можен начин. Оваа доминантност на деструктивната наместо на позитивната страна во делувањето на СДСМ се оценува како најслаба страна на партијата која претендира да дојде на власт. Ако на сето ова се надодадат и антимакедонските изјави и предавничките тези на Заев дадени во странство и во земјата, добиваме дијаметрално спротивна слика од она што е политички портрет на ВМРО-ДПМНЕ.
-Резултатите ќе бидат уште подобри сега, откако граѓаните добија можност да се запознаат со програмите на двете партии. ВМРО-ДПМНЕ ја има дефинитивно најобемната и најквалитетна политичка понуда некогаш видена во државата, но и пошироко. Оттаму сосема логично е што на терен ВМРО-ДПМНЕ целосно доминира и што не губи ниту еден момент на црна кампања. Тоа не значи дека оваа партија не враќа на негативните пораки упатени од СДСМ против лидерот и раководството на партијата. Враќа силно и фокусирано без да влезе во чевлите на противникот. Овој момент ќе биде дополнителен ветар во грб за периодот кога ќе следат и нови анкети. Позитивното во оваа анкета, но веројатно и во сите наредни што ќе следат е што граѓаните ја испочитуваа стратегијата на ВМРО да не потпадне на провокациите на СДСМ и што не ја прифати нивната наметната игра. СДСМ навигираше кон уште посилна политичка и севкупна криза во државата, ВМРО-ДПМНЕ успеа да го изменаџира овој удар како вистински одговорен и национално цврст политички субјект. Добро е што ВМРО-ДПМНЕ остана на својот пат,на својот план како најдобро да го надгради и претстави пред граѓаните тоа за што има вложено многу труд, посветеност, тимска енерија. Оваа партија навистина успешно се справи со сите предизвици и тешкотии со кои се соочи на политичката сцена.
–Во наредната анкета која ќе се појави многу брзо очекувам уште повисок рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ, како казна за неодговорните и антимакедонски изјави и политики на Заев кон државата, завршува професорката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)