Политичкиот аналитичар Александар Пандов, анализирајќи ги резултатите на последната анкета на „Брима галуп“, објавена на порталот „Република“, не е изненаден што македонските гласачи повторно во огромно мнозинство им даваат доверба на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
–Македонските гласачи одамна имаат изострено политичко сетило и јасно е дека кај нив најважни политички теми се подобрувањето на животниот стандард, вработувањето и зголемување на личниот доход за кој прашања, повторно гледаме дека граѓаните недвојбено најголема доверба и подршка имаат во ВМРО-ДПМНЕ.
Но, она што го изненадува, вели Пандов, е неочекувано е големиот процент на Албанци кои му даваат подршка на Зоран Заев. Просто зачудува фактот дека тој процент на Албанци ги заборавиле сите злодела кој им ги имаат направено Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчковски, политичкиот и идеолошкиот татко на Зоран Заев.
-Не можам да верувам дека кај Албанците постојат гласачи кој на понудата на Заев да има двојазични табли во Струмица и децата да учат во градинка албански во Штип, е доволен повод да го дадат својот глас за овој докажан измамник, потсетува Пандов и додава дека е неразбирлива поддршката и на малиот дел од јавноста за СДСМ, сега кога во игра се сите придобивки за кои Македонецот леел крв со векови.
– Овие избори се поденакво иста борба за зачувување на државата, како онаа на илинденците 1903 г., на партизаните 1941 г. и македонската тивка револуција во 1991 г. со референдумот. Овие избори се референдумски, овие избори се уште една нова македонска револуција, овде и сега, овој пат за зачувување на сувереноста и унитарноста на македонска држава и македонскиот јазик, култура и идентитет, кои, не однадвор, денес се загрозени однатре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пандов: Катица крајно опуштено не потсети дека во државава постоела и постои една група на лоши момци кој по правило се наоѓаат во раководството на ВМРО-ДПМНЕ!
-
Пандов: Пратеници од СДС, кога виделе колкава пара се врти и нуди за гласање, бараат и тие да бидат парично „појачани“
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Пандов: Заев зошто ги малтретираш луѓето по сонцево, кога планираш да бегаш од референдум? Вака ли во ЕУ ќе одиме?(видео)